Кога во една модна колекција ќе се спојат женстевност, лежерност, шик импресивен изглед, особено ако тоа го прави креативен тим кои има совршено око за бои и дизајн, резултатот е младешка, удобна и тотално кул облека потпишана од холандскиот бренд Maison Scotch. Лукбукот за креациите за пролет-лето 2014 на брендот кој спаѓа под групацијата Scoch&Soda, е фотографиран на улиците на Амстердам, а главен акцент е ставен на џинсот во секакви варијации и комбинации. Следат блузоните со принт, колеџ-јакните, блузите со пруги, удобните големи чанти и спортските патики.
Нема коментари