Колекциите на брендот Madewell од сезона во сезона стануваат се поатрактивни, а еве го изгледот за сезоната пролет 2014 кој открива кежуал парчиња за кул девојки како на пример лежерни памучни фустани, задолжителни модели од џинс, широки кошули и шарени парчиња во марокански стил. Всушност, Madewell нуди разновидни модели со кои може да ја заокружите пролетната гардероба – лесни палтенца, сакоа и колеџ-јакни, фармерки во различни бои и кроеви, карирани и етно кошули, долги лежерни и построги деловни фустани, елегантни оксфорд-чевли и секакви видови сандали…
За заштитно лице на кампањата е избрана познатата манекенка Ерин Васон, фотографиите од рекламата се направени на локации на Малта, но одлучивме да ви го претставиме лукбукот кој многу подобро ги открива моделите и комбинациите на модните парчиња на Madewell.
Нема коментари