Пролетниот каталог на шпанскиот бренд „Манго“ не ја открива само Дарија Вербови како новото заштитно лице, туку и клучните кежуал парчиња наментени за сезоната пред нас. Брендот предлага бели минималистички фустани, но и лежерна верзија на малиот црн фустан, лесни џемпери, но и тренодовски дуксери, прозрачни парчиња, но и моторџиски кожени јакни во црна и бела боја. Во колекцијата ќе најдете модели што треба да ги поседувате оваа пролет, како на пример добро скроено сако од лесен материјал, класична кошула со транспарентен ефект, елегантен комбинезон и бел фустан од тантела.
Нема коментари