Во свет каде што рутината за убавина е исто толку важна како и облеката, секоја модерна жена во својот несесер треба да биде опремена со неколку основни производи. Минималистичкиот пристап секогаш се препорачува, бидејќи тоа е сигурен пат до елеганција.
1.Кармин. Да се користи карминот храбро е секогаш добра препорака. Нијансите на црвено, темна слива или живописна розева може да се комбинираат за многу прилики а со тоа да се подигне стилот на повисоко ниво, но и расположението.
2. Мицеларна вода. Еуцерин 3 во 1 како мултифункционален производ што истовремено е средство за отстранување на шминка, ја чисти кожата и е тонер. Идеален за стресни денови или доцни часови кога имаме потреба од брзо и ефективно решение.
3.Витамин Ц серум за лице. На овој начин обезбедуваме длабока хидратација на кожата особено ако побарате производ со витамин Ц за дополнителен сјај.
4.Крем руменило. Ваков производ не е само за образите, туку може да се користи и за очните капаци за да се создаде совршен, здрав изглед на лицето.
5.Mattifying Sun Fluid SPF 50+. Заштитата од сонце е клучна а овој производ прави кожата да има мат нијанса, не ги затнува порите и дава чувство на пријатна, кадифена конзистентност, лесно се нанесува, многу брзо се впива и не остава лепливо чувство на кожата.
6.Хранлив крем за раце. Тоа е од витално значење, бидејќи рацете често се мијат и дезинфицираат, па неретко остануваат запоставени.
7.Маскара за волумен. Добрата маскара е неопходна за да додадете малку гламур во секојдневниот изглед.
8.Уникатен парфем. Тоа е невидлив додаток што остава еден вид потпис и го зголемува целокупното присуство.
Нема коментари