Се ближи 20ти Март, а со тоа и почетокот на четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo! Фоајето на Македонската Опера и Балет уште еднаш ќе биде исполнето со бројни презентации и настапи чии приказни се вртат околу едно главно тежиште: #Градот Скопје.
Она што оваа година е поразлично е акцентот на искрата на главниот град која се бори со сето ова сивило – креативците од нашата околина кои преку уметноста го прават Скопје поубаво место за живот. Целта е да се осигураме дека градот ќе види, ќе слушне, ќе чита, ќе се разубави, а покрај сето тоа… градот ќе се забавува! За ова ќе се погрижат и Skopsko Smooth кои се спонзор на настанот.
Она што ќе ја одбележи програмата годинава несомнено е Driven by Design натпреварот за млади модни дизајнери, идеја позади која стојат Korea Auto Trade. На натпреварот аплицираа голем број млади модни дизајнери, а по оценувањето од стручно жири од шест лица, најдобрите односно 15 финалисти ќе бидат изложени на настанот, а ќе продефилираат и на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето во среда, 19:00 часот. Победникот ќе си замине дома со парична награда од 1.000 ЕУР, додека второ и трето наградените со парична награда од по 500 ЕУР, награди кои несомнено ќе им влеат мотивација и понатаму да креираат.
Овогодинешното издание се одржува на пет сцени: Main Stage која тематски се трансформира во #ГрадотСлуша, #ГрадотГледа и #ГрадотЧита, Градот Шкртка, Градот Убав, Градот Урбан и Градот Мечтае. Покрај сцените, и Галеријата на МОБ ќе биде исполнета со 7 паралелни изложби.
Така, трите дена програмата започнува од 15.00ч а трае до вечерните часови. Поделена е на неколку главни целини.
На #ГрадотСлуша – ќе ги слушаме звуците на градот ќе ја слушнеме приказната на објектите во просторот и ќе се забавуваме со прекрасните звуци на нашите локални музичари!
На #ГрадотГледа ќе нурнеме во светот на фотографијата и одново ќе го видиме градот низ призмата на нашите фотографи, ќе патуваме низ историјата и ќе ги дознаеме скриените приказни на градот.
На #ГрадотЧита – ќе навлеземе во светот на пишаниот збор и непишаното околу него него со наши добро познати автори. За магијата да биде целосна, на посебната сцена #ГрадотШкртка публиката ќе може да ги види младите сликари, илустратори и doodle уметници и да учествува во една поинаква визуелна авантура!
На #ГрадотУбав ќе се запознаеме со најновите трендови во убавината со врвни професионалци. Како јаготка на шлагот, последниот ден мечтаеме заедно! На #ГрадотМечтае ќе се инспирираме и ќе поттикнеме нови креативни мисли.
Секако, #Градот се забавува, па се забавуваме и по 20:00 часот на #ГрадотИНоќта.
На ОВОЈ ЛИНК , погледнете ја целосната програма за настанот, која несомнено ќе ги наполни вашите креативни резерви.Бидете во тек и не заборавајте да ја следите и официјалната Facebook страна на Fashion & Lifestyle Expo, како и официјалниот настан.
Влезот за настанот во текот на трите дена е БЕСПЛАТЕН!
ПРОГРАМАТА НА FASHION & LIFESTYLE EXPO ’19
(Клик на фотографијата за да се отвори во поголема димензија
Нема коментари