Под мотото #воншаблон, за вечните ентузијасти за нови и несекојдневни нешта, оваа година решивме да ви понудиме содржина, која нималку нема да ве остави рамнодушни! Секоја работилница и презентација имаат за цел да ве поместат ментално и физички од точката на секојдневието, неутралноста и обичното.
Покрај големиот број на исклучителни изложувачи, оваа година програмата е значително збогатена и структуирана во три теми – ДИЗАЈН, МОДА И ПАТУВАЊА, распоредена во шест различни катчиња низ фоајето на МОБ.
На главната сцена, посетителите ќе имаат прилика да учествуваат и во бројни презентации и да дознаат мноштво нови информации од најразлични области, вклучувајќи работилници за архитектура, дизајн на мебел, рачно изработен накит, модно блогирање, модни аксесоари, кристали и камења, патувања, вински туризам, промоција на книга…
Вечерниот период, истата оваа сцена ќе изобилува со разновидни настапи од забавен тип: одлични бендови и музика во живо, ултра ретки и провокативни модни ревии, пијано концерт и невообичаен моден перформанс, па се до дегустации на вино и жестоки пијалоци.
Food Corner-от пак во текот на сите три дена ќе нуди бесплатна дегустација на морска храна од 17:15 часот (до истрошување на количините).
F&L Café, Creative Hall (гардероберот), Beauty Bar и Gallery се дел од новитетите на овогодинешното издание.
F&L Café е местото каде од 15 до 19 часот ќе можете да уживате во добро кафе, да прочитате и освоите одлична книга, да уживате во вкусно, рачно изработено чоколадо, да ги дознаете благодетите од чистата филтрирана вода и тајната во приготвувањето на природните чаеви. Како изненадување ви најавуваме промоција и потпишување на книга со најпродаваниот македонски автор и шоумен.
Creative Hall е резервиран за интерактивни, креативни работилници, каде ќе можете да декорирате со декупаж техника и да креирате уникатни предмети и накит, да ја играте првата македонска друштвена игра, обичната, клот маичка да ја претворите во уникатна, да погледнете модна фотосесија, да откриете супер-кул алатка за вешто да го организирате и планирате времето, да ги откриете можностите со иновативните модуларни велосипеди, да ги дознаете од прва рака тајните на природата и органската козметика и да влезете за момент во светот на астрономијата. Очекувајте го отворањето на пријавите за учество, бидејќи ова е навистина ретка можност за бесплатно учество и лична комуникација со наши докажани креативци.
Beauty Bar е катчето кое несомнено ќе му го одземе вниманието на понежниот пол. Трите дена посетителите ќе имаат можност да ги дознаат најновите трендови, техники и триковите при шминкањето, но исто така, и во живо да ги проследат hair & make up подготовките за ревиите на 29-ти и 30-ти март.
Fashion & Lifestyle Expo во поддршка на талентираните фотографи, уметници, дизајнери и скулптори овој пат ќе ја отвори галеријата во МОБ, која ќе биде пренаменета во изложбен простор отворен за сите посетители.
Целосната програма, изведувачите и саатниците можете да ги погледнете тука.
Следете ги фан страната и настанот наFacebook за да бидете во тек со сите информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите.
Нема коментари