Претстојниот есенски Моден викенд-Скопје чии што ревијален дел ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ како официјална локација на сезоната, ќе донесе 12 нови колекции презентирани под мотото на четиринаесеттата сезона Talent is the new sexy. На 28 октомври, на модните вечери ќе им претходи забава во Distrikt Bar&Kitchen на која гостите ќе се забавуваат со Models DJ-sets и Андреј Мицајков/Антена 5 , со официјалната водка Absolut.
Сезоната есен-зима 2016/17 на 30 октомври, ќе ја отвори колекцијата The Great Beauty на Јована Филиповиќ, по што ќе дебитира Papaz со колекцијата „Враќање на антихеројот” поддржани од Министерство за култура на Република Македонија. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен накит на Sigma Jewelry. Крајот на првата вечер ќе го заокружи колекцијата на Филип Тренчовски наречена Birds of Pray.
Втората вечер ќе започне со ревијата на студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Ќе следуваат ревиите на Дејан Тодоровиќ со колекцијата Look@me, Elize Paris и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата Touch of my soul.
Последната трета вечер публиката ќе ги види колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“: Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева. Вечерта ќе продолжи со Марија Трајанова и нејзината колекција Million voices, модниот перформанс на Ена Зафировска поддржана од „Пакомак“ и нејзините креации под името Black Feedback.
Четиринаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Ирина Тошева поддржана од Avicena. Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода Пелистерка. Официјален партнер за шминка сезонава е Gosh, а за фризурите ќе се погрижи Lakme. Официјален дерма бјути партнер е Vichy. Официјално возило на настанот е Porsche. Нашето официјално вино e Камник. Парфемите кои ќе ја одбележат сезоната доаѓаат од Bellina. За најдобра нега на кожата се грижи NovAge Oriflame.
На насловната страница на новиот каталог за која Fashion&Friends и Музејот на современата уметност во Скопје се појавуват како партнери на Моден викенд Скопје, се младите актери Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска.
-Беше предизвик и задоволство да се биде дел од проектот кој направи симбиоза меѓу талентот, модата и актерството. Нашата генерација актери е генерација на слободни, силни, млади луѓе и се надеваме дека нашите дела и во иднина најгласно ќе зборуваат – велат заштитните лица на Моден викенд Скопје 14.
„Теа Модерна“ како еден од медиумските покровители на настанот, ќе одбере најдобар дизајнер на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје според нивната редакција, и ќе му обезбеди насловна страница и интервју во едно од своите изданија
Нема коментари