Првото место на натпреварот Red Bull Doodle Art Macedonia го освои Матеј Тодоровски, студент на Архитектонскиот факултет од Скопје, кој доби преку 1.300 гласа на Facebook и поени од жирито. Натпреварот за шкрткање започна пред еден месец, а се пријавија преку 430 цртежи. Изложбата со шкртките на младите креативци беше поставена во Градски парк, за време на одржувањето на Skopje Street Festival минатиот викенд, публиката претходно можеше да гласа преку интернет, а во крајната одлука главен збор имаше жирито во состав Димитар Петровки – Дими, фотограф, Јована Зука, модна блогерка, и Горан – Ind.o.g, илустратор. Македонскиот победник патува за Кејптаун, Јужноафриканска република, каде што ќе учествува на глобалната изложба во организација на Red Bull. Второто место на домашниот натпревар му припадна на Давид Ристовски, а третото на Владимир Милиќ.
Нема коментари