Актерот Џејмс Франко во својот документарен филм „Директорот“ се обидува да ја раскаже приказната за Фрида Џанини, креативната директорка на славниот италијански моден бренд „Гучи“. Франко всушност се потпишува како продуцент на филмот и главен иницијатор на приказната, а како ржисерка ја ангажираше видеографката Кристина Ворос. Филмот документира 18 месеци од животот на Џанини, ги открива нејзините инспирации, креативниот процес и воопшто што е потребно да се биде „главен човек“ на „Гучи“. (Според нејзините зборови треба да се биде самоуверен, моќен и сензулен.)
Делото „Директор“ првпат беше прикажано минатата година во склоп на програмата на Трајбека филмскиот фестивал во Њујорк, а минатата ноќ „Гучи“ во соработка со париското издание на Vogue, организираше затворена проекција на филмот во хотелот Le Royal Monceau-Raffles. На настанот присуствуваа повеќе пријатели на модната куќа како актерката Олга Кириленко и пејачката Флоренс Велч, а домаќинки беа токму Фрида Џанини и уредничката на Vogue, Емануел Алт.
Нема коментари