Во четврток на 15 декември во 20 часот во скопската галерија „Ел Греко“ ќе се отвори продажна изложба на современ накит на авторките Јана Ацевска („Капка“), Мима Пејоска и Биби Клекачкоска („БипАрт“). Посетителите ќе имаат можност да си набават уникатно парче уметност од колекциите на авторките по специјални новогодишни цени. Изложбата во организација на „Ел Греко“ и брендот „Капка“ прододолжува и со сабото матине од 12 до 16 часот.
Нема коментари