Станете снежна кралица на балот со помош на новогодишната колекција на MAC Cosmetics наречена Snow Ball. Заиграј во ритамот и осветли ја ноќта со новата светкава шминка која веќе пристигна во скопската продавница на брендот. Сет од мини кармини, седефасти сенки, светкави палети, впечатливи вештачки трепки со светки, кремасти и светкави кармини, хајлајтер, шишенца со светкави пигменти… блесокот и светките ги има во голема количина во Snow Ball колекцијата. Дел од понудата се четките за шминкање и несесерите, а има и различни сетови кои може да послужат како новогодишен подарок. Спакувани во светкава амбалажа и со отисок во вид на снегулка на самите производи, шминката и останатите детали на MAC гарантираат магични и блескави новогодишни денови.
Нема коментари