Отакако кон крајот на јануари Guerlain најави дека актерката, режисерка и амбасадорка на добра волја на ОН, Анџелина Џоли, е лице на нивниот нов парфем, ги исчекувавме сите нови моменти поврзани со оваа соработка. Дознавме како ќе се вика парфемот, од што е инспириран, дека Џоли парите од ангажманот ќе ги донира во хуманитарни цели, се појави првиот визуел, ја погледнавме видеорекламата снимена со познатиот режисер Теренс Малик во нејзиниот дворец во Прованса, Франција, и конечно, паралелно со светската промоција, Mon Guerlan го дочекавме и во Скопје. Ја посетивме вчерашната презентација во КИЦ во Скопје, и ја слушваме приказната за новиот парфем на париската куќа која прави парферми од 1828 година. Скоро два века Guerlain создава мириси водејќи се од идејата на основачот Жак Герлан – „Ние креираме парфеми за жени на кои им се восхитуваме“. Жената кои ги восхити овојпат е Анџелина Џоли, модерна и женствена личност, инспирација за новата мирисна креација на Guerlain.
Во креирањето на Mon Guerlain познатиот парфумер Тјери Васер, инаку петтиот парфумер во историјата на куќата, одбра три главни состојки – ванила (Tahitensis Vanilla), лаванда (Carla Lavender) и сандалово дрво (Santalum Album Sandalwood), кои понатаму се опкружени со јасмин и мирисен букет од бело цвеќе. Mon Guerlain е женствен, модерен, наменет за храбрите и одлучни жени кои се борат за своите соништа. Тој е нежен како шепот, невидлив како тетоважа на кожа. Име кое евоцира над 200 години историја преполна со искуства, негувана со успех, вештина и дарежливост.
Mon Guerlain е интригантна мирисна композиција. Почетна точка зад сложеното создавање на парфемот Mon Guelain, е ванила – омилената сировина и неодолива состојка зад секое ремек дело на Guerlain. Потоа следи Карла лаванда за да ја разбуди сензуалноста, да донесе свежина, чистота и едноставност. Самац јасмин, набран во рана зора ја буди женственоста, тој е алката со која ги поврзува ванилата со лавандата. Тој е естетиката која на оваа композиција ѝги дава сите свои финеси. Што се однесува до сандоваловото дрво, тоа го изразува внетрешното богатство на секоја жена, дрво кое ѝдава сила и ја чува тајната вечната женственост.
Покрај опојниот мирис одушевува и амбалажата, која е симболична. Оваа четвртаста амбалажа е сонот на Габриел Герлан, а ја изработил познатиот производител Baccarat уште во далечната 1908 година. Денес остана да го чува Mon Guerlain, новиот парфем кој ѝ оддава почит на современата женственост, кој ги комплетира констрастите, евоцира на силна, слободна и сензуална женственост.
Веќе пет генерации креаторите на Guerlain парфемите ја пишуваат историја, со срце и душа. Ја истражувале планетата во потрага по ретки сировини, смислувале нови „мирисни акорди“ и креирале преку 1100 мирисни композиции… Без разлика на сите достигнувања секогаш предизвикувале пресврт во модерното производство на парфеми. Тјери Васер, петтиот Мастер за парфеми на куќата Guerlain, кој што го организираше креирањето на новите женски мирисни линии, за парфемите на Guerlain често знае да каже дека се создадени со формула која ги обединува нотите и комбинира ретките сировини и тајните концентрати.
Линијата на Mon Guerlain содржи парфемска вода Eau de Parfum од 30, 50 и 100 мл, како и лосион за тело и гел за уширање кои доаќаат во пакување од 200 мл.
Нема коментари