Бојадисувањето или вапцањето на јајца е симбол на славењето на празникот Велигден, иако во продавниците постои голем избор на вештачки бои, обоени јајца можете да постигнете на природен начин.
Најчест начин а бојадисување е со лушпа од кромид – ако користите кафенест кромид ќе добиете црвенкасто кафени нијанси, а со кората од црвениот кромид, јајцата ќе бидат во различни нијанси на виолетова боја.
За бојадисување и украсување ви требаат јајца, лушпи од кромид, стари најлонски чорапи, малку сол и малку оцет. Извадете ги јајцата од фрижидер два часа пред да ги обоите.
Во метален шерпа ставете половина од кромидот, врз него ставете ги јајцата, а потоа покријте ги од сите страни со остатокот од лушпите од кромидот. Истурете доволно вода за јајцата целосно да се потопат и ставете ја шерпата на шпорет, а потоа додадете една кафена лажичка сол. Кога водата ќе зоврие, варете ги јајцата на тивок оган 15 минути.
Во средината на готвењето истурете една лажица оцет. Одвреме-навреме проверувајте дали бојата е добиена и ако е потребно превртете ги јајцата. Кога ќе се сварат, полека извадете ги јајцата од тенџерето и премачкајте ги со масло.
Доколку сакате да имаат шара, тогаш на јајцето ставете лист или цвет од некое растение, внимателно ставете ги во најлонски чорап и заврзете со конец за да не се изместат растенијата.
Потоа преминете на бојадисување со горенаведениот природен начин. Покрај лушта од кормид, ако сакате природно бојадисување можете да употребите цвекло за розово-црвена боја, малини за црвена боја, бело вино и куркума за жолта боја, црвено вино за бордо боја, боровинки за сино-виолетова боја…
Нема коментари