Десетина уметници и дизајнери на модни додатоци и украси ќе учествуваат на четвртото издание на изложбата „Природба“, што на 10 декември со почеток во 21 часот ќе се одржи традиционално во арт-кафе „Концепт 37“. На штандовите во кафулето ќе бидат претставени најновите рачно изработени уникатни креации на Илина Арсова, Craft&Art, Atelje Marjak, Knitten Designs, Farina’s handmade, Tekashe, Тркалабораторија и Архиткам. За добрата атмосфера ќе допринесе имузичкиот избор на диџеј Martchin.
Нема коментари