Уметникот порано познат како Принс, пурпурниот, „неговото кралско зло“, или едноставно Принс, почина вчера на 57-година возраст во родниот Минеаполис. Зад себе остави богато музичко наследство што го изгради во текот на четири декади, а уште од почетокот на кариерата привлече внимание со своето динамично и живописно чувство за мода. Секогаш иконокластичен, никогаш досаден. Ексцентричен и провокативен. Создаде свој жанр и успешно играше со gender-bender модните комбинации кои го надоградуваа неговиот заводлив, сензуален, па дури и вулгарен музички звук.
Во моден контекст Принс беше препознатлив по светкави комплети и долги туники, кошули од тантела и со драматични викторијански карнери, брокат и животински шари, панталони со висока половина и ѕвонарки, провокативни и припиени трикоа од ликра, виолетови тонови, многу накит и бисери, облека со јаки бои и впечатливи принтови, а често на сцената излегуваше и разголен. Еклектичен стил применуваше и надвор од сцената, а бидејќи беше прилично низок, постојано носеше обувки со високи потпетици и платформи. Принс на некој начин ги прекрши повеќето правила на машка мода и самоуверено носеше блузи со гол стомак, штикли и низа од родово флуидни стилови. (К.Т.)
Нема коментари