Познатите дизајнерки на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска осмислија и водат нов проект – дизајнерски предизвик за накит на кој може да се пријавувате до 10 ноември. Според креативките дизајн предизвикот е игра наменета за сите кои се подготвени да ја размрдаат својата креативност. Потребно е да аплицирате на www.designtatamata.com, седумте најкреативни и луди пријави ќе бидат избрани за Предизвикот, ќе добијат пакет со материјали и алат за изработка на накит во кој се кријат правилата на игра, а потоа ќе имаат на располаѓање 10 дена да решат како ќе пристапат на зададената задача за да изработат едно носливо парче уметност. По завршувањето, сите седум различни креативни решенија, ќе бидат презентирани на завршна изложба како и на online галеријата. Секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација и можност да го продаде делото на финалната изложба.
Нема коментари