Трендови на шминка за оваа сезона, парфемите Tresor и La Vie est BelleLa Nuit и производите за нега како главни адути на францускиот козметички бренд Lancôme беа презентирани пред неколку дена на настан во Square 21 во Скопје. Главна гостинка на настанот организаран од страна на компанијата „Елискир ексклузив“ беше Ивана Лисак, регионална мејкап артистка за Lancôme, која преку ревија на која манекенките ги носеа креациите на Јована Филиповиќ, претстави 5 тренда во шминка за оваа сезона – графички линии, трепки истакнати со маскара, вечниот тренд на smokey eyes, светкава шминка и сина сенка на модерен начин. Таа ги користеше и новите производи од линијата на кармини L’Absolu Rouge и маскарата Grandiose Extreme.
-Што се однесува до мојот пристап кон шминкањето, иако работам сè и бескрајно уживам во креативниот дел од мојата работа, она во што најмногу уживам длабоко е поврзано со Lancome. Во брендот ми се споија идеалните бои, текстури и мириси и секогаш имам чувство дека токму Lancome ја црпи целата креативност од мене. Мојата мотивација за оваа работа се самите жени. Секогаш во мислите ми е секојдневната жена која наутро се подготвува за својот ден и кпја го сака тој мал ритуал на шминкање, а јас сум тука да и го олеснам или забрзам тој процес. Она што неколку пати сум го споменала, ги обожавам оние мали љубовни приказни помеѓу жената и нејзината шнинка и се осеќам привилигирано кога би била дел од тој просец – вели Ивана.
Францускиот козметички бренд е создаден во 1935 година од страна на визионерот Armand Petitjean со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, аLancôme секогаш бил олицетворение на современата убавина. Оваа сезона, покрај трендовите на шминка, брендот става акцент на уште неколку производи од светот на убавината, негата и декоративата. Шминкерката Лисак ни потврди дека течната пудра Teint Idole Ultra Cushion е една од најдобрите воопшто создадена, високопокривна пудра мека како перниче, инспирирана од азиски принципи на нега, пудра која ги остави жените без здив, како и дополнителните производи како со Miracle Cushion перниче. Производот е комбинација од новата генерација на мекото перниче, свежината и ултра софистицираната покривност на една од најпознатите пудри на Lancôme. За усните брендот ќе ви ги препорача кармините L’Absolu Rouge и сјајот за усни Juicy Shaker. На презентацијата ја мириснавме новата верзија на познатиот парфем Tresor, а Lancôme и понатаму продолжува да го промовира La Vie est Belle, чие заштитно лице е актерката Џулија Робертс. Брендот посветува големо вминание на негата на кожата, па тука се линиите Energie de vie, Absolu Precious Cells, Visionnaire и Gènifique, линии кои секоја на свој начин се грижи против знаците на стареење и замор, збир на креми и серуми кои нудат регенерација на кожата и ги намалуваат брчките.
Ивана Лисак, регионална шминкерка на Lancome на вчерашниот настан на @elixirexclusive ги претстави новите #makeup трендови на @lancomeofficial #lancome #elixirexclusive #ivanalisak A photo posted by stylist.mk (@stylist.mk) on
Нема коментари