Со почетокот на летото и планирањето на летниот одмор почнува најголемата модна дилема за овој период – каков костим за капење да одбереме! Овде на помош ни доаѓа шпанскиот бренд Women ‘secret кој пред неколку дена организира медиумско дружење на кое ја презентира новата колекција на костими за капење и додатоци за плажа за лето 2015. Во амбиентот на „Вила Ина“ сместена на Водно со прекрасен поглед на Скопје, додека се освежувавме со чаша мохито можевме да ги погледенеме новите тенденции што ги предлага Women ‘secret, преку ревија со манекенките Ангела Ѓоргиева, Сара Миленковска, Моника Алексовска и Фаниа Гиачо од агенцијата „Подиум“.
Четирите манекенки ни ги претставија главните тенденции за ова лето – mix&match комбинации, боемски стил инспириран од 70-тите, спортски тренд, костими со текстура, гламурозни модели украсени со срма, монистра и сјај, како и трендовскиот градник со преклоп. Неизбежен дел од летната гардероба се туниките, шеширите, летните сандали и апостолки, торбите за плажа и соодветниот накит. Настанот го фотографираше тандемот Ани и Дими, за шминката и фризурата на манекенките се погрижи Игор Марков, а диџеј Iceberg нè врати во 60-тите години на минатиот век со bossa nova и lounge звуците.
Нема коментари