Португалскиот моден бренд Parfois за последниве четири години колку што е присутен кај нас стана доста популарен и посакуван поради широкиот избор на накит, чанти и модни додатоци кој задоволува поголема модна публика. Редовно ги следиме новите колекции кај Parfois, а вчера се запознавме и со пролетната колекција Tribu. На модната презентација органзирана во просторот на Little Box Shop&Wine во Скопје, гостуваше и Мафалда Мореира Коста, од trade marketing службата на Parfois, која ни зборуваше за брендот, за новата рекламна кампања снимена на Тенерифе и за стиловите во оваа линија.
Со чаша шампањ и убав кашкавал модните новинари и уредници имаа можност одблиску да ја видат колекцијата инспирирана од африканската савана како чантите со мотив на леопард и тигар, креациите украсени со богат вез од шарена мониста, сандалите со реси и накитот во етно-стил. Добивме и задача – да одбереме омилени парчиња од колекцијата и да ги означиме со персонализирани етикети. Следеше симпатична потрага по чантата или ѓерданот што ни остави најголем впечаток и фотографирање за Инстаграм. Дел од омилените парчиња веќе се на нашите шопинг листи.
Зошто е Tribu толку примамлива? Затоа што нуди атрактивни парчиња во кои ќе видете забележани – оние стилски похрабрите ќе изберат голема чанта со шара, некој модел со реси, мониста и украсни камчиња или масивен ѓердан со големи златни овални парчиња, но има креации и за оние што сакаат посмирен изглед. Колекцијата ја раскажува приказната за саваната, за африканските племиња и нивната иконорафија, преку разните видови чанти со етно-шари, но со модерен израз. Некои од чантите се големи од видот shopping tote, некои се носат преку рамо, а има и клач-чанти кои може да се носат од утро до мрак. Во однос на боите тие се на црна основа, но збогатено со зелена, тиркизна, чоколадно кафена и инсерти цо црвена, беж, зелена и бела.
Егзотичната атмосфера на Африка продолжува кај накитот кој е крупен и златен, со реси и мониста, со пердуви и камчиња што реферира на племенски парчиња. Во Parfois ќе најдете и ленени марами и туники, разни шапки и часовници, модели на чанти и ниски чевли во посмирен стил и колорит.
Нема коментари