Топол скопски ден, модните мисли ни се насочени кон летната и релаксирана гардероба, но светските брендови почнаа со прикажување на колекциите за следната сезона. Во тој контекст и шпанскиот бренд Ada Gatti денес направи презентација на креациите за есен-зима 2015/16, а Stylist.mk ексклузивно присуствуваше на настанот што се одржа во специлијазираниот шоурум во скопскиот бутик на брендот лоциран во ГТЦ. Гостин од Шпанија беше Енрике Санчез Мартин, заменик претседател за продажба на овој бренд, а презентацијата ицтовремено беше и можност брендот да се претстави пред бизнисмени од Косово и од Албанија.
-Би било штета да не бидам тука при промоцијата на новата колекција есен-зима 2015/2016. И потрошувачите се многу задоволни со колекцијата и ќе уживаат во новите парчиња облека ширум Европа – вели Санчез Мартин. За него, како претставник на Ada Gatti од Мадрид, Шпанија е задоволство да се биде во Македонија на ваков настан.
Денешната бизнис средба Катица Богоеска Јоргакиеска, сопственичка на International Style Group – Ада Гатти Македонија, ја замисли и како мини модна ревија на која присутните се запознаа со тенденциите за новата сезона. Во колекцијата што ќе ни биде достапна во септември доминираат шарите и принтовите, кои како да се заштитен знак на Ada Gatti. Новина се креациите од ѓаволска кожа, трајбал-принтот, а брендот нуди богат избор на деловни парчиња и детска колекција. Фустаните со принт и оние вечерните со светки секогаш се дел од женската гардероба. Колекцијата е богата со кошули со секаква шара – ѕвезди, цветови, цик-цак линии, пепито, но има и блузи со романтична тантела и во бохо-стил. Брендот исто така прделага пончо како повеќенаменски модел кој може да се носи на почетокот од сезоната над друго парче, но и во зима над капут како дополнителна прекривка. Во однос на зимските палта, доминираат полнети и парчиња од крзно.
Нема коментари