Една од најочекуваните колекции сезонава, чевлите со потпис на поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез и италијанскиот креатор Џузепе Заноти веќе може да се набави на интернет. Станува збор за смели и секси модели, кои вбројуваат патики со платформа украсени со кристали, сандали со високи потпетици и каивчиња до колена со змиска шара, модели до глужд со повеќе колани и со В-изерез, како и класични бели сандали со многу висока потпетица.
-Колекцијата што ја направивме со Џузепе е сè она што би очекувале од нас двајцата – смели високи потпетици со структури кои се жестоки и, се разбира, имаат некаква искра во себе-изјави Џенифер за соработката со дизајнерот на чевли.
Луксузните креации од линијата Jennifer Lopez x Giuseppe Zanotti се продаваат по цена меѓу 795 до 1,995 долари, а онлајн може да се нарачаат на Nordstrom.com.
Нема коментари