Кажи му на другар ти странец што е промаја; Знаеш дека си во Македонија ако имаш манџа за ручек; какво дејство има ракијата- се дел од натписите и темите околу кои се врти новата колекција на креативното студио „Преплет“. Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска, кои стојат зад брендот велат дека ова е линија со уникати кои може да им ги подарите на пријателите што не се од нашата земја.
-Новата колекција есен-зима 17/18 ја посветивме на сувенири и разгледници кои со широка насмевка ќе може да ги подарите на другарите од странство. Направивме нешто сосема поинаку од она што досега можеше да се најде како сувенир. Испишавме автентични зборови, добро препознатливи за нашето говорно подрачје на кирилица. Ги објаснивме и преведовме на англиски, преку комбинација од илустрации и рачни фонтови. Па, така создадовме еден поинаков сувенир кои и визуелно ќе го привлече окото на туристот – велат Викторија и Магдалена.
Деновиве беше снимен и каталог со новите производи со фотографката Андријана Костова Петровска (од „Ани и Дими“) а како модели се јавуваат Риоко Јoко Кокаи, Чен Пеи, Ивана Ѓорѓиевска и Сара Крстевска.
Во тек е и наградната игра која се одвива на социјалните мрежи Facebook и Instagram.
-За да се учевствува во наградната игра потребно е да се лајкнат профилите на „Преплет“ и да се сподели креативна есенска фотографија која ќе содржи било каков „Преплет“ производ. Фотографијата е потребно да се објави или на „Преплет“ профилот на facebook или да се тагне @prepletstudio на Instagram. Наградната игра трае до крајот на ноември, а добитникот на ваучерот од 1000 ден. ќе биде објавен на 1. декември-велат тие. (А.Н.С.)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари