Во присуство на бројни млади љубители на уникатниот дизајн, креатори, блогери, модни новинари и уметници вчеравечер во урбаниот скопски локал „Концепт 37“, брендот „Преплет“ го прослави својот прв роденден. Авторките на проектот, Магдалена Дилевска и Викторија Ланговска, ги пречекаа гостите со макаронс-колачи во просторот кој беше исполнет со нивните дизајни. На ѕидовите беа закачени пораки, чанти и беџови со слогани препознатливи за „Преплет“, а на полиците можеа дасе погледнат инвните украси за домот, перници, чаши и други ситни уникати. Ви пренесуваме дел од атмосферата во „Концепт 37“, а во меѓувреме може да ја прочитате и приказната на „Преплет“, тука.
(Фото: Stylist.mk)
Нема коментари