Креативното студио „Преплет“ в сабота со почеток во 12 часот во својата продавница организира дружба на која ќе се претстави новата колекција составена од шолји, нотеси, столни ламби, табуретки на кои се испишани разни пораки. Сето тоа ќе биде збогатено со награди и изненадувања, запознавање со новите рецепти на блогот „Ситно сецкано“ и со романот „Бездомникот со златен часовник“. Сите посетители ќе добијат разгледница како подарок, а првите петорица што ќе направат сметка над 2.000 денари ќе го добијат гратис романот.
Нема коментари