Младешка елеганција и гламур, зачинети со бохо шик, доминираа на премиерата на новата, шеста сезона на „Игра на тронови“ во Лос Анџелес. Најдобри коментари доби младата британска актерка Софи Тарнер (Санса), која се појави на сивиот килим во темнорозов фустан на едно рамо со потпис на Стела Макартни, а косата и беше врзна во бохо плетенка.
Со својата ведра појава и харизма доста внимание предизавика Мејси Вилијамс, која ја игра сестрата на Тарнер во серијата, Ајра. Таа носеше дводелна креација, краток корсет и миди здолниште во стилт на 50-тите, во пастелно-златана нијанса.
Едни од најголемите ѕвезди на шоуто, Емилија Кларк и Лена Хеди, се одлучила за креации со црна основа и шарени детали. Кларк носеше фустан од кадифе со голи рамена, со големи бели цветови и златни додатоцо, а косата ѝ беше собрана во долго опавче. Хеди, пак, остана доследна на својот бунтовнички бохо стил, со ретро модел од Каролина Херера, исшаран со пердуви. На премиерата се појави и легедарната актерка Феј Данавеј, исто така облечена во црно, со златни шари, инспирирано од азискиот фолклор.
Меѓу повпечатливите на црвениот килим на премиерата беа и Натали Емануел, во долга бела креација, Хана Мареј со портокалов бохо фустан од тантела и Аманда Пит, која е сопруга на еден од авторите на серијата, Дејвид Бениоф, во сребрен макси фустан со ретрошкрој. Кај мажите имаше широка палетна на елегантни, но иновативни решенија и видуваа на клaсичниот машки костум, со сиви, темни сини, сини и црни комбинации.
„Игра на тронови“ е една од најгледаните серии, во продукција на HBO, направена врз основа на популарната серија книги од Џорџ Р. Р. Мартин. Претставува епска приказна за игрите помеѓу благородништвото во земјата Вестерос, каде што летата и зимите траат со години, а само желбата за моќ е вечна. Новата, шеста сезона, премиерно на ТВ-екраните ќе почне да се емитува на 24. април.
Оваа година, по шокантните заплети на крајот од петтата сезона, вклучувајќи ја и крвавата судбина на Џон Сноу во рацете на бунтовниците од Црниот замок, за малку избегнатата смрт на Денерис во јамите за борба на Мирин, како и јавното понижување на Серсеј на улиците на Кингс Лендинг, преживеаните од сите делови на Вестерот и на Есос се прегрупираат за неизбежно да тргнат кон своите неизвесни поединечни судбини. Познатите лица ќе оформат нови сојузи за да ги засилат своите стратешки шанси за преживување, додека новите ликови што ќе се појават ќе ја предизвикаат рамнотежата на моќта на истокот, западот, северот и југот.
Нема коментари