Бројни модели, актерки, ТВ-лица и други ѕвезди присуствуваана премиерата на документарецот „Диор и јас“ вчеравечер во Њујорк. Облечени во креации од француската модна куќа, тие го донесоа парискиот моден шмек на црвениот килим . Филмот е хроника за осумтте недели на подготовка на колекцијата за висока мода во 2012 на чело со штотуку назначениот нов креативен директор на „Диор“, Раф Симонс. На премиерата во Paris Theatre во Њујорк се појавија Сигурни Вивер, Шанел Иман, Лора Лов, Хејли Болдвин, Ајмелин Валад , Лејк Бел и други дами. Докметарецот Dior and I, снимен од Фредерик Ченг, ќе почне да се прикажува во американските кина на 10 април.
Нема коментари