Sweetie darling, време е за новите патешествија на Петси Стоун и Едина Монсун, ликовите од познатата серија на BBC, Absolutely Fabulous (Апсолутно фантастични), која сега се враќа во форма на нов филм. Џоана Ламли и Џенифер Сандерс се враќаат во улогите на Петси, ПР агентка и Едина, уредничка на магазин, нераздвојни пријателки кои ја сакаат модата на чуден начин и постојано се пијани или мамурни, а двете ѕвезди на вчерашната премиера на Absolutely Fabulous: The Movie што се случи во Лондон. На премиерата покрај актерската екипа, се појави Кејт Мос која што има мала улога во филмот, потоа дизајнерката Стела Макартни, Кајли Миног, манекенките Лили Кол и Џордан Дан, Ема Бантон, Дејзи Лоу, дизајнерите Жан Пол Готје, Џајлс Дикон и Хенри Холанд.
Нема коментари