Главните ликови зад „50 нијанси сиво“, актерите Џејми Дорнан и Дакота Џонсон, режисерката Сем Тејлор-Џонсон и писателката Е.Л. Џејмс, избраа комбинации во црна и бела боја за појавувањето на црвениот килим на премиерата на нивниот долгонајавуван филм. После многу најави, трејлери и галама, филмот е претставен на Берлинскиот филмски фестивал, а по официјалниот датум за премиера, Денот на вљубевните, филмот ќе почне да се прикажува во повеќе светски градови. Најголемо внимание предизвикаа главните актери, Дакота носеше долг црн фустан со долг ракави и длабоко деколте од „Диор“, а Џејми изгледаше елегантно во црн фрак со тегет пеперутка-вратоврска. Уметницата и режисерка Тејлор-Џонсон ја покажа својата силуета во бел долг фустан, затворен од предната, но со гол грб на задната страна, доедека авторката на романот по кој е снимен филмот избра црн фустан со златен вез.
Нема коментари