Младите дизајнерки Евгенија Зафировска и Магдалена Таневска ќе ги престатавт своите креации во споското арт-кафе „Концепт37“ на 25 декември (недела) од 13 до 19часот. Настанот, наречен „Помошниците на Дедо Мраз“ ќе биде од продажен карактер. Посетителите ќе имаат можност да ги пробаат и набават новите колекции на дизајнерките како и избор на многу други модни парчиња и аксесоари направени спрецијално за настанот.
Евгенија Ена Зафировска, која во моментов е на магистерски студии во Љубљана, имаше забележителна ревија на 14-тото издание на Моден викенд – Скопје. Ја претстави својата еко-колекција Black Feedback. Креациите, од кои дел можевме да ѕирнеме преку фотосесијата со моделот Мирела Муриќ, се создадени од рециклираниот материјал. Во колекцијата се појавуваат материјали што навидум не се спојуваат, меѓу кои е поливинил.
Магдалена Таневска минатиот месец се претстави на BAFE (Balkan Art Fashion Event) во Белград. Актуелна е со колекцијата Recycled Jeans, за која се инспирира од рециклирањето, феминизмот и слободата. Процесот на изработка на моделите е комплексен и се користи пачворк-техника. Дизајнерката употребува џинс-ткаенина, а како додаток ќе има мали традиционални капи од Балканскиот полуостров.
Нема коментари