Во деновите пред новогодишното празнување повеќе домашни автори на накит, ракотворби, модни парчиња и дизајн-предмети ги нудат своите творби на разни настани во Скопје, на кои може да најдете совршени подароци за себе и за најблиските. Утре во арт-кафулето „Концепт 37“ со почеток во 18 часот ќе се одржи уште еден новогодишен базар, на кој ќе се претстават Em Ellephantski, Глигор Кузмановски, Карло Хорват, Burberry, Atami, Алма Идризи, Mighty Jewelry, Le Renard Noir, Nikulec Pop-up Store и Соња Димовска (Filigranika).
Нема коментари