Плетен, волумeнозен, мек и топол, џемперот е едно од клучните зимски парчиња кое што успешно му пркоси на студеното време. Плетивото е повторно актуелно сезонава, а доминираат џемпери кои се предимензионирани, модели со плетенки, со искривени асиметрични форми, со ролка и плетени парчиња што потсетуваат на она што се носеше во 80-тите години. Најчесто се комбинираат со фармерки за покежуал варијанти, но стилистите препорачуваат и миксови со плисирано или здолниште на преклоп.
Нема коментари