Модните дизајнери почнаа да ги претставуваат креациите од предесенските колекции, како предвесник за тенденциите за идната сезона есен-зима 2016/17, ви пренесуваме што предлагаат американските дизајнери Ралф Лорен и Мајкл Корс.
Лорен понуди креации за нежни и отмени дами кои сакаат елеганција, во претежно светлокафена боја, од деликатни материјали и со благи рефернци а 70-тите. Доминираат разни модели на панталони, долги фустани, плисирани здолништа, нежно плетиво и елегантни палта.
Мајкл Корс претстави фустани и капути со светки и здолништа со стаклени перли комбинирани со посмирени и префинети парчиња. Според дизајнерот актуелни ќе бидат и тантелата и цветниот дезен, како и елегантните палта и елеци без ракави со едноставна линија.
Нема коментари