Густав Климт. Африка. Баухаус. Новиот моден микс на Рикардо Тиши е продолжение на неговите претходни ултра успешни колекции. Смелата колекција, предвесник на сезоната есен-зима 2014/15, ја содржи Африка во основната колористична шема, Климт во мозаичните принтови и стилот на Баухаус во геометрискиот колор-блок употребен скоро на секое парче облека.
-Подолго време сум опседнат со Климт и сметам дека е многу етно на некој начин – изјави Тиши за wwd.com откривајќи ја централната инспирација за колекцијата во која претстави совршено скроени сакоа, смокинг-панталони и драпирани фустани.
Нема коментари