Манекенството е дел од животот на Елена Гугоска веќе пет години и во тој период таа стана препознатливо лице на домашната модна сцена. Членката на модната агенција „Подиум“ ја видовме во повеќето најзначајни модни ревии, направи голем број фотосесии за нашите публикации, а во изминатиов период престојуваше во Турција каде имаше неколку професионални ангажмани. „Моментално сум во Скопје и си ги извршувам обврските кои ги имам кон факултетот, но чим завршам со нив следни на листата се Кина и Индија. Пет години сум во манекенството и засега совршено ми го исполнува слободното време“, ни откри Елена и ни рече дека еден од последните позначајни ангажмани во Македонија е соработката со Никола Ефтимов во видео и фотосесија за неговата последна колекција. Но, овојпат со Елена повеќе разговаравме за убавината, негата, омилените козметички производи, за тоа дека дека не е фанатик за јака шминка и претпочита природен изглед, но дека сепак ги смета за забавни трансформациите што ги прави благодарение на манекенската работа.
>>Бидејќи си манекенка претпоставуваме дека посветуваш време и големо внимание на грижата на лицето и телото. Да почнеме од утринската нега. Од што се состои твојата утринска рутина?
- Сосема едноставна рутина, ладен млаз вода за да го освежам лицето, а потоа следи секојдневниот крем.
>>Без кои козметички производи не можеш?
- Крема за лице на Avène
- Спреј за коса на Davines
- Крема за раце на Dove
- Лосиони за тело на The body Shop и Victoria’s Secret
>>Научи ли сама да се шминкаш? И со каква шминка најмногу си се допаѓаш?
-Во теков на изминативе години имав можност да бидам во присуство на врвни make up артисти, така што голем дел од техниките што денес ги користам за шминкање ги научив од нив. Стојам до ставот што поприродно тоа поубаво, па за секојдневна употреба практикувам само неколку производи (маскара, коректор, руменило и сјај). Понекогаш користам и сенки во светли нијанси на крем и кафеава, но дефинитивно не сум фанатик на јака шминка, па дури и кога станува збор за свечени пригоди.
>>Се сеќаваш ли на најнеобичната трансформација?
-Секоја нов ангажман со себе носи и нова трансформација и секоја самата за себе е посебна. Баш во тоа лежи забавата.
>>Како ја негуваш косата?
-Се обидувам колку што можам помалку да ја ја горам со преса и користам препарати на Davines i Uniq One.
>>Дали можеш да се замислиш како блондинка?
Уф, едвај, тоа би било голема промена за мене
>>Постои ли тајна за твојата манекенска линија?
-Сите ние пред да започнеме да се бавиме со некоја професија, мораме да имаме предизпозиции за истата. Во мојот случај наследената генетика ми е од голема помош. Тренирам кик-фит и со тоа си ја одржувам формата. Додека пак за исхраната немам строго одредена диета, единствено што практикувам е да имам 5 помали оброци наместо 3 големи.
>>Омилени третмани?
-После напорен ден нема поубаво од масажа на лице, особено ако лицето целиот ден ми било прекриено со шминка.
>>Омилен парфем?
“Bright Crystal” на Версаче.
>>Дали применуваш природна козметика и имаш ли некој домашен рецепт за негување што ќе ни го препорачаш?
-Често си правам маска за лице со мед и лимон. Едноставна е за употреба и е многу ефективна. Се мешаат една до две лажички мед со малку лимонов сок и се нанесува на лицето.
Нема коментари