Во последните пет години Ана Коцева е заштитно лице на модната агеција „Мак Моделс“ и во тој период се појави на многу ревии, и направи фотосесии за сите значајни домашни списанија. Оваа сексапилна, од скоро блондинка, инаку е студент на Медиционскиот факултет и вели дека многу го сака тоа што го студира. Во однос на манекенството, секој свој нареден чекор го смета за некој вид успех, бидејќи максимално се вложува во оваа професија. Со Ана истеравме „шминкерски“ муабети, зборувавме како се негува и како ја одржува линијата, ни откри дека во однос на козметичките производи не може без лосион за чистење, маска за коса и некој од омилени креми за лице, а ни призна дека нејзината мајка за неа е пример за негувана жена.
>>Како манекенка треба да внимаваш на изгледот на лицето и телото. Кои се основните правила за негување кои ги следиш?
-Личната хигиена е нешто најприоритено. Ги сакам лосионите и кремите за чистење на лице и водородните креми.
>>Како го почнуваш утрото, а без кои чекори за нега не легнуваш в кревет?
-Не користам пудра за дневна употреба, туку повеќе преферирам кога ќе го исчистам моето лице со лосион и ќе ставам хидратантен крем, додека навечер не легнувам без повторно чистење на лицето со лосион и нанесување ноќен крем.
>>Омилен стил на шминкање?
-Не се шминкам многу, бидејќи сум долго време на факултет, а потоа сакам само да го освежам лицето. Но, доколку се шминкам се трудам тоа да биде усмерено на стилот и облеката што ја носам и да изгледа многу натурално.
>>Како се грижиш за лицето после деновите кога имаш напорни снимања или ревии?
-Ова е најлошниот дел од ангажманите , пост-грижата… Но, јас немам проблем со кожата, бидејќи веднаш и’ ја враќам свежината и хидратацијата. Воедно сите треба да знамеме дека секогаш треба веднаш да ја бришеме шминката и дека секое одложување е од голема штета.
>>Трендови на шминка што ќе ги примениш пролетва?
-Секогаш се шминкам со правилно исцртана туш варијанта и кафено нежно руменило. Не ставам пренагласен кармин, бидејќи не ми е потребно да доминирам.оваа пролет, може да употребам сенки за очи во боја на праска, меѓутоа секогаш дефинирано со туш.
>>Најинтересната трансформација со шминка и фризура?
-Јас не сакам некои „во светот на модата“ трансофрмации. Веќе ми се old fashion пренатапирана фризури за фотосесии или пренагласена брановидна коса. Сакам највеќе кога носам висок реп.
>>Кариерата ја почна со темна коса, кога и зошто се одлучи да станеш блондинка?
-Како мала сум била русокоса, потоа со текот на годините косата ми стана потемна.Сакав некоја промени откако се запишав на факултет и сакам да варирам во однос на нијансите на косата.
>>Како ја одржуваш линијата, дали одиш на третмани или спортуваш?
-Генетскиот фактор е дефинитивно одраз на сè. Меѓутоа одржувањето игра исто големо улога. Имам играно одбојка долго време, потоа одев на пилатес, а сега многу пешачам.
>>Најмногу сакаш да мирисаш на….
-Во зависнот кој дел од денот е сметам дека треба да се користи различен парфем. Инаку сакам моќни мириси и преферирам летни парфеми.
>>Примери за негувани жени?
-Мојата мајка! Јас сум нејзино огледало.
>>Знаеш ли некој добар домашен рецепт за негување?
-Знам многу, но никогаш не си имам дозволено толку време за да ги искористам. Меѓутоа, природните маски и масла се нормално многу поефикасни од оние на хемиска база.
Нема коментари