Новогодишното китење на домот не мора да подразбира само огромни елки натрупани со бројни лампиони во сите бои и шари и сијалички во секој ќош, постојат и посуптилни начини како да го украсите просторот околу вас. Изберете еден тоналитет – на пример бела и златна боја, избегнувајте ги светкавите орнаменти доколку не сакате нападен изглед, наредете еднобојни сијалички, а може да примените и ситни трикови на украсување, како грaншња зимелено дрво во мала вазна ставена на послужавник заедно со неколку сребрени лампиони. Идеи има безброј, еве неколку што селектиравме за вас.
Нема коментари