Десетина дизајнери на облека и на накит ќе бидат дел од празничната поп-ап продавница што ќе се одржи на 14 и 15 декември од 11 до 20 часот во кафе- бар „Цреша“, Скопје. На Xmas Designers Pop Up ќе може да се погледнат и набават уникатен накит и модни додатоци од Јана Ацевска („Капка“), Ludus, Мима Пејоска, Билјана Клекачкоска, Јасмина Главинче (Wizart), Катерина Микрут (Mikka design), Глигор Кузмановски, гостинката од Бугарија, Зора Романска и други.
-Празниците се одлична можност за подарување… Оваа новогодишна поп-ап продавница ја посветуваме на креативноста и оригиналноста. Искористете ја единствената можност да си подарите себеси или на вашите пријатели уникатно парче уметност од селекцијата авторски накит и модни додатоци-вели Јана Ацеска.
Нема коментари