Во магична празничната атмосфера шведскиот бренд H&M ја претставува својата нова свечена колекција. Кампањата Holiday, чиј прв дел беше претставен неодамна со низа фотографии, сега е збогатена и со мини филм во режија на Johan Renck, а глумат аренби-ѕвездата Ники Минаџ, актерот и активист Џеси Вилијамс и славниот глумец Џон Тортуро како лошиот брат на Дедо Мраз. Во видеото девојче патува во парарелен магичен универзум, со желба да им помогне на луѓето чии подароци ги украл лошиот брат на Дедо Мраз… Во фото-кампањата се појавуваат и моделите Маријакарла Босконо и Ана Еверс. Доминираат празничните бои, црвена, црна, сребрена и бела, а застапени се и елегантни, но и кежуал креации. Направен е практичен микс од лежерни модели со свечени елементи, кои може да ги носите и преку ден, но и на вечерни забави.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари