Гилда Амбросио и Џорџија Тордини, двете италијански стилски ѕвезди одлучија да го спојат своето модно знаење во заедничкиот бренд Attico, и одушевија уште со првата колекција во која доминираа свилени кимона и фустани од кадифе. Сега имаат нова колекција создадена во соработка со Net-A-Porter, која го следи нивниот препознатлив стил – винтиџ-изглед, кадифе и свила, долги фустани, креации на преклоп, бохо и етно референци, сето тоа дополнето со светкави елементи како важен детаљ на секоја празнична облека.
Нема коментари