Елегантните, софистицирани основи за посебни пригоди добиваат современ изглед во новата капсулна колекција H&M Studio Holiday. Вкоренети во класично кроење и гламурозни тоалети, колекцијата ги истражува светкавите украси и необични детали за да им даде префинет пресврт на омилените вечерни парчиња. Капсулната колекција на H&M Studio Holiday е достапна на веб-страната hm.com од 21 ноември.
-Не постои ништо подобро од кроење што влева самодоверба, кога станува збор за вечерен стил – или светкави украси за да ви забрза срцето. Оваа сезона, дестилиравме остри силуети и детали на начини кои лесно се носат, спојувајќи ги со посакуваните додатоци“, вели Ен-Софи Јохансон, креативен советник и главен дизајнер на женска облека во H&M.
Клучните парчиња нагласуваат елегантни форми и мазни текстури. Вешто скроен костум и црно, широко, кожно палто сигнализираат сарторијална прецизност, а има и впечатлив фустан во боја на шампањ. Дневниот и ноќен тексас со златни копчиња даваат чувство на елеганција кога се носи со кожна јакна-бомбер. Додатоците го ставаат фокусот на суптилната софистицираност – златни кожни чанти, кожни чизми со потпетици и мокасини со златни врвови, како и накит украсен со камења. Колекцијата нагласува висококвалитетни композиции и содржи кожа без хром, врвна волна, органски памук, Naia™ Renew целулозна плетка и рециклиран полиестер. Неколку парчиња накит се направени од рециклиран челик, цинк и месинг.
„Оваа сезона, дизајнерскиот тим канализираше тивка самодоверба, создавајќи возбудливи парчиња за ноќно излегување кои во исто време ве опуштаат. Рамнотежата на машкото кроење со женственото драпирање и дава на колекцијата чувство на модерност, за забавен изглед кој ќе ве направи сензационални, од година во година – вели Катрин Дојч, дизајнер на колекцијата H&M Studio.
Нема коментари