За носталгичарите за ретро стилот, оние кои знаат да уживаат во Brillantine или Flashdance како прв пат, потпевнуваат на Livin’ on a prayer додека брзаат на работа со слушалки во ушите, за кои Madonna е незаменливата поп икона, а John Travolta е еден од најдобрите холивудски фраери. За оние кои обожаваат гледање „Алф“ со своите деца и ниту една игра не ја споредуваат со Super Mario Bros, како и за сите нови следбеници на ретро музика и мода, Swatch промовира Mystery Vintage колекција која претставува враќање во 80-тите, преку часовниците со дизајни од овој период.
„Божиновски часовници и накит“ во пресрет на божиќните и новогодишните празници нуди специјален пакет со Swatch часовници со кој нè враќа во 80-тите. Со купување на еден од шарените пакети на Mystery Vintage добивате три Swatch часовника по случаен избор. На промоцијата, која се одржа вчера попладне во продажниот простот на „Божиновски часовници и накит“ во центарот на Скопје беше преставено пакувањето во кое и не знаете што всушност има е највозбудливиот дел, кој ја буди љубопитноста потајно сокриена во секој од нас. Пакетот со три модели чини 3.400 денари. Доколку сакате да ги изненадите вашите блиски и драги личности за време на празниците или сакате да купите за вас лично нешто несекојдневно, а практично, од „Божиновски часовници и накит“го предлагаат овој пакет.
-Swatch како и секогаш верен на уметничкиот и креативен свет, повторно ги лансира некогаш актуелните модели, меѓу нив и специјални изданија како што се часовници инспирирани од тајниот агент Џејмс Бонд 007, „Олимписките игри“, стрип-јунакот Corto Maltese. Овие часовници сега се соединети на еден многу интересен и несекојдневен начин – Mystery Vintage колекција. Mystery Vintage колекцијата ја сочинуваат 45 најразлични модели од три категориии – Gent, Lady, Jelly in Jelly, спакувани по три часовника во три различни пакувања (розево, жолто и сино). На позадината од секое од пакувањето се прикажани 15 модели од кои 3 ќе ги добиете во избраниот сет. Оваа колекцијата е создадена за сите пасионери на ретро-стилот, времето и секако музиката. Не случајно, со нас денес е и г-динот Драган Б. Костиќ, човекот кој сите го знаеме по прекрасните музички емисии, водач на ретро музиката во Македонија, за да ни раскаже една своја приказна, ретро, но сега поврзана со брендот Swatch – велат од „Божиновски часовници и накит“.
Swatch часовникот на Драган Б. Костиќ му го подарил Џери кој бил Американец, возрасен човек, што случајно се нашол во хотел „Турист“ каде што Драган пуштал музика. Човекот бил сопственик на еден од најпознатите синџири на хотели од Б-категорија во Њујорк. Тој доаѓал секоја година и на крајот кога си заминувал секогаш на персоналот му давал по 100 долари, освен на Драган.
-Една година на почетокот на 80-те години, дојде повторно на врата, како и секоја година. Ми рече дека за мене има два подарока, еден поголем и една помал. Поголемиот беше кутија во која го имаше најновиот број на музичкото списание „Билборд“. Во она време, да го имате најновото издание кое од Њујорк сме го чекале по две недели, значело многу. Под списанието, убаво беа спакувани првите 100 албуми за таа недела во Америка. Вториот подарок што го добив ми кажа дека е нешто најново и најпопуларно во Њујорк. Ми рече: „На овие албуми ќе им пројде времето, а ова што сега ќе ти го подарам секогаш ќе ти го покажува времето“. Значи во тоа време, пред повеќе од 30 години ми подари Swatch часовник. Часовникот кој е од првата генерација на Swatch до денеска работи, само ремчето е сменето- изјави Драган Б. Костиќ.
По промоцијата, гостите се упатија на забава во стилот на 80-тите во соседното кафуле „Драма“.
Нема коментари