Светкавата и шљокаста облека секогаш асоцира на новогодишен изглед, златната и сребрената облека доликува на празничниот стајлинг, но таа секогаш треба умешно да се избалансира со останатите модни парчиња, за да се избегне кичестиот и невкусен изглед. Едно примамливо светкаво парче се овие златни панталони со потпис на Зара, со широки ногавици и со висок струк, кои комбинирани со смирен горен дел се доволно свечени за новогодишен изглед, со бел џемпер или со патики се одлични за домашна новогодишна седенка или за некој пооткачен младешки стајлинг. Трендесетерките ги комбинираат и со џемпери со пруги и ги носат и за дневни излегувања.
Нема коментари