Со зголемувањето на бројот на производи со кои го негуваме лицето, се комплицира начинот на кој се употребуваат и особено е важен нивниот редослед на нанесување. За разлика од некогашната нега која што се состоеше од дневен и ноќен крем, средство за чистење и тонирање на лицето, со текот на годините се појавија серуми, комплексни креми со различни состојки кои таргираат различни состојби, производи со заштитен фактор, изобилие од маски и пилинзи, масло за нега… Јасно е дека современата нега се базира на слоеви од производи, но многу е важно по кој редослед ги нанесувате.
Битно ли е дали маслото за нега се нанесува пред хидрантниот крем?! Да. Треба да знаете кога се нанесува серумот, а кога кремот? Се разбира. Може да ги имате најдобрите производи за нега, но ако погрешно ги применувате, може да ја спречите кожата да ги добие целосно бенефитите од производите, во некои случаи не само што се намалува ефикасност на вашата рутина, туку и мож да предизвика иритација, деходрирање или воспаление на кожата.
Еве како треба да изгледа дневната и вечерната рутина во неколку чекори:
НАУТРО
1. Чистење на лицето – со помош на специјални средство за миење или сапуни избрани според видот на кожата
2. Тонирање – се користи за ребаланс на pH вредноста на кожата што е потребно после чистењето
3. Третман за акни – доколку имате проблем со акни, мозолчиња, дамки на лицето и други состојби за кои имате третман препорачан од дерматолог, сега е моментот да го нанесете
4. Серум – полни со концентрати и активни состојки, бирајте серуми кои се прилагодени на вашиот тип на кожа
5. Хидратација – иако технички може да ги прескокнете претходните чекори, овој е задолжителен. Препорака е да одберете крем со СПФ фактор што ќе ја негува и истовремено заштити кожата од сонцето
НАВЕЧЕР
1. Отстранете ја шминка и очистете ја кожата – Ако сте биле нашминкани во текот на денот, навечер прво отстранете ја со масло/млеко за чистење или пак со мицеларна вода. Потоа измијте го лицето
2. Пилинг (1-2 пати неделно) – отстранување на мртвите клетки од кожата е од суштинско значење за здрава и сјајна кожа. Изберете производ кој ви се допаѓа, и во деновите кога користите пилинг, прескокнете го миењето после отстранувањето на шминката, бидејќи нема потреба по трет пат да го чистите лицето и да го иритирате без потреба
3. Тонирање – сега кога кожата е сосема чиста, време е да ја вратите нејизната влажност и рамнотежата на pH нивото.
4. Маска за лице (1-2 пати неделно) – Дерматолозите укажуваат после пилингот да ја потхраните кожата и со маска по ваш избор. Така состојки подобро и подлабоко ќе навлезат во кожата и ќе дадат подобри резултати
5. Серум –нанесете го серумот на целото лице и на вратот
6. Хидратација – комплетна нега со навлажнувачки ноќен крем по ваш избор
7.Крем за околу очи – мала количина на крем за областа под очите успешно ќе се бори со знаците на замор и стареењето во оваа деликатна област
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари