По некоја лоша практика често подготовка на зимската облека често ја почнуваме кога веќе ќе пристигне ладното време и снегот, што секогаш нè изненадува. Излегува дека немаме доволно топла облека, некои парчиња несоодветни за студено време уште зафаќаат простор во плакарот и некои облеки треба конечно да се заменат. Составивме неколку практични правила кои ќе ви помогнат однапред да ја подготвите зимската гардероба.
Однесете ја облеката што ви треба за хемиско чистење
Капутите, јакните од крзно или пердувестите јакни после повеќемесечно чување во плакарот од хигиенски причини треба да се изветреат, но најдобро да се исперат или однесат на хемиско чистење пред повторно да се носат во зимата. Ова бара планирање однапред за да бидете подготвени кога ќе падне првиот студ.
Набавете универзални чизми
Секоја жена избира чевли според своите потреби и вкус. Но, дури и ако носите само елегантни чизми, еден пар зимски чизми како војнички или планинарски ќе ви бидат добра помош во ситуации кога вашите омилени се извалкани, мокри и премногу се лизгаат. Најдобро е да пронајдете еден пар универзални чизми кои одговараат на сè, имаат елегантна нота, можете да ги носите на работа и со нив да пешачите подолго.
Квалитетот е подобар од квантитетот
Еден убав топол џемпер ќе ги замени сите потенки или дебели џемпери направени од неприродни материјали. Подобро е да се инвестира во едно нешто што навистина ќе ве стопли и е од квалитетни природни материјали, отколку да барате и пробувате многу опции што се евтини и пак да не го пронајдете вистинското парче.
Подгответе топли парчиња за под облека
Хулахопки, подкошули, термални чорапи… сето ова набавете го со време. Некои жени не сакаат да носат перлонски хулахопки под панталони, бидејќи чусвствуваат неудобност и иритација на кожата, но затоа постојат памучни или термални хулахопки.
Отстрани непотребни нешта
Летните па дури и некои есенски парчиња што едвај се корисни во студените денови (мини здолништа, летни фустани, ленени парчиња) треба уредно да се спакуваат и стават на место каде што ја складирате облеката за другата сезона. Така плакарот ќе биде уреден, организиран и лесно ќе пребарувате по зимската облека.
Нема коментари