Како и секој септември за време на одржувањето на ревиите на Лондонската модна недела, така и сега градот доживеа модна парада и на улиците каде можеа да се забележат еклектични, но сепак доста носливи комбинации во кои доминираат фармерки, шарени палта, интересни наметки, ниски чевли и креации во ретро стил. Лондон секако изобилува со ексцентрична мода, но уредничките и модните познавачи, слично како и на Њујоршката модна недела, овојпат ги посетуваа ревиите во многу попрактични и едноставни комбинации. Мирослава Дума постојано беше во фармерки и патики, Лорен Санто Доминго во ниски чевли, Елена Перминова во џинс и широки кошули, познатите трендсетерки како да посакаа да се одморат од прекомплицираните комбинации на кои обрнале големо внимание и од притисокот да изгледаат „совршено“ пред фотографите на улична мода.
Нема коментари