Почетокот на новата година значи и запознавање со рекламните кампањи со кои се најавуваат пролетните колекции, деновиве и познатите модни куќи „Шанел“, „Прада“ и „Гучи“ ги претставија новите имиџ-визуели. Алесандро Микеле и „Гучи“ се длучија да снимаат на локација во Берлин, го ангажираа фотографот Глен Лачфорд, а моделите позираат во секојдневни ситуации, на кров, во купатило, во метро и на автобуска станица, додека носат креации со многу боја, смели принтови, карнери и во ретро расположение.
За „Прада“ позираат руските манекенки Наталија Водјанова и Саша Пивоварова, како и новата манекенска ѕвезда Јасмин Вижналдум. Трите девојки носат креации од колекцијата за пролет-лето 2016, како пругаст фустан, кариран модел и наметка од тантела и цветови, а фотографиите ги направи Стивен Мајзел.
Карл Лагерфелд не само што дизајнира за „Шанел“, туку вообичаено и сам ги фотографира рекламните кампањи за куќата, како и оваа последната снимена во урбана атмосфера. Се појавуваат Мика Арганараз и Линејси Монтеро кои се шетаат низ град во шарени модели и креации во твид, а стилист на фотосесијата е Карин Ројтфелд.
Нема коментари