Американскиот моден дизајнер од непалско потекло Прабал Гурунг испраќа повик за донации по катастрофалниот земјотрес во Непал во кој има многу загинати, големи штети, повредени и уништени вредни храмови. Гурунг е и лично погоден од несреќата, бидејќи неговите родители, сестра му, зетот, внуките и други роднини се во главниот град Катманду и веднаш по веста ги мобилизира силите за собирање донации. „Имам своја фондација, Shikshya Foundation Nepal, а се поврзавме со Crowdrise за да собереме пари за непосредни потреби и обнова на регионот. Непосредни потреби на терен е лекарска помош, барање преживеани и спасување, организирање засолништа, набавка на храна и вода… Големината на штетата уште се проценува, има стотици срушени згради, како станбени, така и некои од највредните култни храмови и споменици“, вели Прабал.
Роден во Сингарур, Гурунг пораснал во Непал, кариерата ја почнал во Индија, но подоцна се преселил во САД каде што дипломорал на познатото модно школо Парсонс и каде што пред шест години ласнира сопствен бренд и важи за успешен дизајнер. Постојано нагласува дека Непал е дел од неговиот идентитет и дека од родната земја црпи инспирација. Повикот на Прабал го заинтересира и модниот свет, па веќе почнаа да пристигаат парични донации преку неговата фондација, а сите средства се наменети за Непал.(K.T.)
Линк за донации: https://www.crowdrise.com/nepalearthquakefund/
Нема коментари