Сезоната на пролетно-летните фестивали ја отвори „Коачела“, музички настан што се одржува во близина на градот Индио во Калифорнија, на кој се чини дека се појавуваат скоро сите познати личности од разни области и од модата. На фестивалот на кој модата ја „украде“ музиката, стилските изгледи станаа толку влијателни што модните брендови како H&M лансираат цели колекции инсирирани од „Коачела“.
„Коачела 2016“ почна викендов, на повеќето сцени настапија Лорд, „Ганс енд роузис“, Ријана, Ели Гулдинг, Сиа, а во рамките на фестивалот како и секогаш се одржаа повеќе забави и модни презентации на Coach, Forever 21, Келвин Клајн, H&M… Во овој пост ќе се осврнеме на познатите кои се појавија во лежерни комбнации инспирирани од бохо стилот, доминираа џинс шорцеви, патики, хипи фустани и туники, гладијаторски сандали, маички со принт, ресести модели, многу накит и цветни круни.
Нема коментари