Поп-пејачката Адел, актерките Гвинет Палтроу и Наоми Харис, архитектката Заха Хадид, уметницата Трејси Емин, моделите Кара Делевињ и Џери Хол и други, добија покана од италијанската модна куќа „Фенди“ да дизајнираат чанти. Тие направија своја верзија на торбата Peekaboo, како дел од хуманитарската акција на „Фенди“. Проектот е во чест на отворањето на новиот бутик на брендот во Лондон.
Чантите ќе бидат премиерно претставени во продажниот салон на 2 мај, а потоа ќе може да се купат онлајн.
-Пораснав во семејство на силно жени имногу сум среќна што вакви јаки дами учествуваат во нашиот проект. Акцијата ќе ни помогне, не само да се запознаеме со модниот вкус на познатите дами, туку ќе биде поддршка за организацијата Kids Company-изјави вели Силвија Вентурини Фенди.
Нема коментари