ДАЛИ ЗНАЕМЕ ШТО Е ДИЗАЈН КОЈ ГО БАРА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА?
Skopje Design Week, настан што нè очекува во ноември (од 6 до 10), во Мала Станица, но и во Јавна Соба и во Литература.мк во Дајмонд Мол.
Во Експо зоната на фестивалот, се очекува да се појават сите иновативни компании, креатори, студија и стартапи кои се спремни да ги покажат своите најнови достигнувања пред пошироката јавност.
Тука повторно се адресира прашањето до јавноста, „што е всушност дизајн на производ?“ Тоа е дизајн кој нема за цел само естетска компонента, да биде допадлив, туку тоа е пред сè комплетно решение за проблемите на поширок круг на луѓе, тоа е функционалност и иновација.
Поаѓајќи од оваа теорија сметаме дека македонските компании и студија имаат навистина што да понудат и преку учество во Експо зоната да ги доближат своите дизајни до новата генерација – публиката.
Повикот за пријавување во Експо зоната е започнат и ќе трае до 15 октомври. Веќе има пријавено дел од постојаните изложувачи, но и нови производители. Ги охрабруваме сите други оригинални дизајнери да се пријават на овој несекојдневен настанна следниов линк: https://bit.ly/sdwexpozone
Skopje Design Week е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на „Миксер“ од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, „Барселона дизајн вик“ и Австрија “Дизајн“”, фестивали од каде ќе видиме и најголме борј на презнетции и промоции. Истите ја промовираат Европската зелената агенда (European Green Deal Agenda) и дизајнот на идните млади дизајнери под мотото NextGenDesign.eu
Фестивалот Skopje Design Week е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.
Нема коментари